Општи услови за активирање на Google Play Music

26 мај 2016 година

Следниве услови („Услови за активирање“) се однесуваат на пробните промотивни понуди на Google Play Music. Овие услови се дополнение на условите на секоја понуда за пробна верзија на Google Play Music (секоја, „Понуда“). (Специфичните пишани услови за секоја индивидуална понуда во понатамошниот текст ќе бидат наведени како „Услови на понудата”). Условиве ги вклучуваат и се подложни на Условите на користење на Google Play. Користењето на услугите што се опишани тука дополнително подлежи на условите на Политиката на приватност на Google.

1. Пробната верзија е достапна само за оние жители на териториите што се наведени во Условите на понудата кои:

2. Должината на пробниот период на Понудата е наведена во Условите на понудата.

3. Последниот ден за активирање на Понудата е на крајниот датум што е наведен за активирање во Условите на понудата.

4. За да ја активирате Понудата, треба (покрај сите барања вклучени во Условите на понудата):

5. Доколку ја откажете претплатата на Google Play Music за време на пробниот период, нема да ви се наплати и ќе го изгубите пристапот до музичките содржини од претплатата до кои пристапувавте за време на пробниот период (на пр., аудиоисторијата или сите плејлисти што сте ги создале) откако тој ќе заврши. Доколку не ја откажете претплатата за време на пробниот период, автоматски ќе ви се наплати месечен надомест за претплата, што вклучува ДДВ ако е применливо (во моментов $6,99 USD месечно во Македонија и како што е наведено во Условите на понудата за други земји), почнувајќи од денот по завршувањето на пробниот период, а потоа секој месец додека не ја откажете претплатата. За да ја откажете претплатата, отворете го менито „Поставки“ во апликацијата Google Play Music или на интернет и следете ги тамошните упатства.

6. Ако ја активирате Понудата, тогаш за време на пробниот период ќе добиете пристап со претплата за Google Play Music. Google Play Music на претплатниците им дава право да слушаат неограничени преноси на песните достапни во рамките на Google Play на месечна основа.

7. Понудата не важи со ниедна друга понуда и не може да се пренесе на никого.

8. Понудата може да се откаже или привремено да се суспендира од страна на промоторот, доколку постои настан надвор од разумната контрола што го спречува обезбедувањето на Понудата.

9. За какви било прашања во врска со Понудата, контактирајте го Тимот за поддршка на Google Play.